Дома Трансфер зона Барселона има план: Ќе го доведе Агуеро за да го задржи Меси?

Барселона има план: Ќе го доведе Агуеро за да го задржи Меси?

Барселона го разочара Лионел Меси минатото лето кога одлучи да го пушти Луис Суарез, Уругваецот се пресели во Атлетико Мадрид и таму покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво.

Сега во Барселона прават нов план, кој сепак сигурно и многу ќе зависи од тоа кој ќе биде претседател на Барселона. Англиските медиуми пишуваат дека во Барселона размислуваат на „Ноу Камп“ да го доведат Серхио Агуеро.

Догворот на Агуеро со Манчестер Сити истекува на лето, а управата на клубот засега не му понудиле нов. Поради тоа Аргентинецот се поврзува со заминување.

И покрај тоа што Агуеро има 32 години се уште кога е здрав е еден од најдобрите напаѓачи во светот и голгетер од светска класа. Се споменуваше Мемфис Депај како прва желбан а Куман, но преговорите помеѓу Лион и Барселона не завршија како што сакаа Каталонците.

Барселона ако навистина се реши да тргне по Агуеро сигурно ќе има конкуренција, претходно тој најмногу се поврзуваше со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти се борат за потписот на ѕвездата на Порто

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за ѕвездата на Порто, Отави…