Дома Топ вести Барселона за Нејмар не нуди пари, но нуди тројца играчи!

Барселона за Нејмар не нуди пари, но нуди тројца играчи!

0
neymar

За можноста Нејмар да се врати во Барселона многу се пишува, а сега пристигнуваат нови информации.

Се повеќе се оние кои сметаат дека Нејмар ги минува последните денови во Париз, а германски „Билд“ тврди дека Барселона испратила понуда за Нејмар.

Меѓутоа ако му веруваме на „Билд“ Барселона во понудата не вклучила пари.

Наводно Барселона за Нејмар му понудила да бира тројца играчи од понудени четири. Станува збор за Фелипе Кутињо, Осман Дембеле, Самуел Умтити и Нелсон Семедо.

Кутињо и Дембеле интезивно се поврзуваат со напуштање на „Ноу Камп“ додека Каталонците се спремни да „жртвуваа“ неко јод Семедо и Умтити.

Значи, ПСЖ има шанса за Нејмар да добие двајца офанзивци или два дефанзивци – доколку се одлучи да ги земе Семедо, Умтити и еден од понудите офанзивни играчи Кутињо и Дембеле.

Семедо би можел да биде опција за Томас Тухел како замена за Дани Алвес на десната бековска позиција.

Ќе потсетиме, неодамна спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо потврди дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ.

„На сите им е јасно дека Нејмар сака да замине. Но во фудбалот е едно кажувате денес, друго се случува утре. Неверојатно е, но така е, ќе видиме што ќе се случи.Работата е јасна за сите. Тој има договор со нас и додека не пристигне официјална понуда немаме за што да разговараме. Но, контакт со Барселона имаше“, гласеше изјавата на Леонардо.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тотенхем на чекор од две големи засилувања

Тотенхем до сега доведе две големи засилувања во вредност од околу 70 милиони фунти, стану…