Дома Трансфер зона Барселона го испуштила Влаховиќ за 18 милиони евра: Сметале дека не е доволно добар

Барселона го испуштила Влаховиќ за 18 милиони евра: Сметале дека не е доволно добар

Поранешниот спортски директор на Барселона, Ерик Абидал проценил дека Душан Влаховиќ не е калибар за каталонскиот гигант, а „Марка“ потсетува дека клубот плати многу повеќе пари за Сержињо.

Во август 2020 година Барселона пропушти шанса да купи еден од најталентираните напаѓачи во Европа, односно не искористи шанса да го ангажира на позајмица со можност за откуп за 18 милиони евра.

„Марка“ открива дека Фиорентина преку агентот Дарко Ристиќ му понудила таков ангажман на каталонскиот гигант за Влаховиќ, кој денес вреди околу 70-80 милиони евра.

Влаховиќ во дресот на Фиорентина постојано тресе противнички мрежи, а досега запиша 37 погодоци во Серија А и е еден од најпосакуваните напаѓачи на фудбалскиот маркет.

Медиумите неодамна објавија дека Арсенал ѝ понудил 70 милиони евра на Фиорентина за фудбалер кој наскоро полни 22 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал има список од шест таленти за апсолутна доминација

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за иднината, а „Марка“ пишува дека веќе е нап…