Дома Фудбал Барселона ги победи ѕвездите на Австралија, погодуваа Траоре, Дембеле и Фати 🎥

Барселона ги победи ѕвездите на Австралија, погодуваа Траоре, Дембеле и Фати 🎥

Фудбалерите на Барселона на крајот од сезоната мораа да одиграат и пријателски натпревар од маркетиншки карактер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барса денеска во Сиднеј го совлада „Ол-стар“ тимот од австралиската лига со 3:2.

Барса поведе со голот на Осман Дембеле, Австралијците потоа направија пресврт преку Рајндер и Адама Траоре (да, станува збор за играч со исто име како и Траоре од Барса). До крајот и Адама Траоре на Барселона постигна гол, а во листата на стрелци се запиша и Ансу Фати.

Воедно ова веројатно беше и проштален меч за голем број играчи како Самуел Умтити, Адама Траоре кому му истекува позајмицата и веројатно Осман Дембеле на кого му завршува договорот и според информациите блиску до ПСЖ. Лук Де Јонг исто така се враќа од позајмицата во Севиља, а не е познато дали и Дани Алвес ќе продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот Возиња добил две неочекувани понуди за продолжување на кариерата!

Фудбалот често нè изненадува со своите неверојатни приказни, а еден таков пример е Возиња,…