Дома Трансфер зона Барселона ги победи Сити и Баерн во трката за потписот на Црногорецот

Барселона ги победи Сити и Баерн во трката за потписот на Црногорецот

Црногорецот конечно стана фудбалер на Барселона, сега се е готово.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Големиот интерес за младиот голман на Црна Гора, Лазар Царевиќ заврши, откако Барселона ја доби битката за неговиот потпис. Царевиќ беше на проба во Барселона, ги помина без големи проблеми и управата на клубот одлучи да потпише со 18-годишниот голман.

Да ве потсетиме, ова момче е избрано меѓу најдобрите 50 млади фудбалери на Европа во изборот на италијанскиот „Tutosport“. Баерн и Манчестер Сити исто така имаа голем интерес, претходно Царевиќ беше на проба и во Ајакс, но на крајот Барселона ја доби големата битка.

Следната сезона Царевиќ ќе биде во вториот тим или во младинците на Барселона, а доколку се докаже, би можел да дојде и до првиот тим во сезоната 2018/19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…