Дома Топ вести Барселона во сериозен проблем: Ќе одговара за поткуп!

Барселона во сериозен проблем: Ќе одговара за поткуп!

Eкипата на Барселона би можела да се најде во големи проблеми поради „случајот Негреира“ и долгогодишните исплати кон поранешниот потпретседател на судиите.

„Каталонците“ можат да имаат сериозен проблем за исплатите од над седум милиони евра кон поранешниот потпретседател на судиите, Енрикез Негреира.

Утрово од Шпанија пристигна информација дека Барселона ќе одговара за поткуп. Наводно, ова го изјавил судијата кој го води случајот, тој е убеден дека исплатите се криминал.

Освен Барселона како клуб, како физички лица ќе одговараат и поранешните претседател Жозе Марија Бартомеу и Сандро Росел, како и Енрикез Негреира и неговиот син Хавиер Енрикез Ромеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кејн за трката за „Златната топка“: „Мислам дека дефинитивно сум во конкуренција“

Хари Кејн зборуваше за трката за „Златната топка“ и за праксата фудбалерите јавно да лобир…