Дома Фудбал Барселона во Милано договора ново засилување, а Челзи може да ја искомплицира работата

Барселона во Милано договора ново засилување, а Челзи може да ја искомплицира работата

Барселона оваа недела оствари средба со претставниците на Сасуоло во Милано, а тема беше играчот на овој тим, Џереми Бога.

Според „Diario Sport“, Каталонците го искористиле фактот дека пристигнале во Милано за да одиграат натпревар во Лигата на шампионите со Интер за да се сретнат со спортскиот директор на Сасуоло, Џовани Карневели.

Џереми Бога има 22 години и игра на позицијата лево крило, а оваа сезона одигра 14 натпревари и постигна 4 гола.

Тој во Сасуоло пристигна од Челзи во јули минатата година за 3 милиони евра, а тоа е потенцијален проблем за Барселона.

Имено, Челзи има опција да го откупи назад за 4 милиони евра, иако има одиграно само еден натпревар во три сезони на „Стемфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…