Дома Фудбал Барса јавно му соопшти на Ракитиќ: Тој повеќе не е во нашите планови!

Барса јавно му соопшти на Ракитиќ: Тој повеќе не е во нашите планови!

Иднината на Иван Ракитиќ веќе подолго време е главна тема во спортските медиуми, а после оваа изјава јасно е дека за него повеќе нема место во Барселона.

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, во интервју за „Мундо Депортиво“ изјави дека Ракитиќ повеќе не е во плановите на Валверде.

„Ракитиќ знае дека постои спортска одлука која треба да ја разбере. Веќе е известен дека повеќе не е дел од нашите планови“, изјави Абидал.

Неодамна Ракитиќ изјави дека не е среќен од ситуацијата во Барселона, па јасно е дека уште во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „Камп Ноу“.

За неговата следна дестинација се шпекулира со многу клубови, но најреални се шансите Хрватот да се пресели во Серија А, каде силен интерес за него покажуваат Јувентус, Милан и Интер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Карло Анчелоти пове…