Дома Фудбал Барса уште еднаш покажа големина: Со специјални дресови за жртвите!

Барса уште еднаш покажа големина: Со специјални дресови за жртвите!

Фудбалерите на Барселона на своите дресови наместо своите презимиња ќе го носат името на својот град на натпреварот против Бетис во спомен на жртвите во терористичкиот напад кој се случи во четвртокот во главниот град на Каталонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона доби посебна дозвола од Фудбалската федерација на Шпанија за да го направи тоа, а на дресовите ќе стои и пораката: “#TOTSSOMBARCELONA”, што значи, „Сите ние сме Барселона“.

Каталонскиот клуб во своето соопштение наведе дека и фудбалерите ќе носат црна трака за време на натпреварот на отворање на сезоната, кој се игра во недела од 20:15 на „Камп Ноу“.

14 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени кога комбе влета меѓу пешаците на булеварот во Лас Рамблас.

Клубовите во Примера и Сегунда најавија дека со едноминутно молчење ќе ги започнат натпреварите во чест на жртвите од терористичкиот напад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …