Медиумите веќе некое време пишуваат дека германскиот репрезентативец Леон Горецка следното лето без обештетување од Шалке ќе премине во Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно неговиот агент уште на 18-ти мај имал средба со челниците на баварскиот клуб, постигнат е комплетен договор, но сеуште нема потпис на договорот.
Горецка блеска во дресот на Шалке и за него се интересираат најголемите европски клубови, а најконкретен интерес покажува Барселона.
Каталонците во него гледаат идеалан наследник на Андрес Иниеста и сакаат да го „украдат“ пред носот на Баерн.
Наводно Барса е спремна во јануарскиот преоден рок да испрати богата понуда на негова адреса, па останува да видиме дали Германецот ќе се пресели во Минхен или на „Камп Ноу“.