Дома Топ вести Барса победи, но тоа што го направи Маскерано е главна вест во светот!

Барса победи, но тоа што го направи Маскерано е главна вест во светот!

Фудбалерите на Барселона синоќа го совладаа нисколигашот Херкулес со високи 7:0 и така го осигураа настапот во следната фаза од Купот.

Тоа беше рутинска победа за каталонскиот гигант, кој на терен излезе со комбиниран тим. Водечкиот гол го постигна Лукас Дињ, па откако почна да слави со своите соиграчи, на сцена стапи капитенот Маскерано.

Имено, Аргентинецот го натера Французинот да престане со славјето и да се врати во одбраната за натпреварот да може да продолжи. Младиот бек можеше само да ја спушти главата и да се врати на своето „работно место“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Taга во Милано, почина една од најголемите легенди на Интер

На 83-годишна возраст почина Сандро Мацола, една од најистакнатите фигури во историјата на…