Барселона потпиша нов договор со Гави, но шпанската Ла Лига одби да го регистрира со објаснување дека немаат доволно место во буџетот за плати за новите примања на фудбалерот.
Лигата одби да го ратификува новиот договор на 18-годишникот поради тешката финансиска состојба на клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанскиот интернационалец ќе продолжи да игра со актуелниот договор како јуниор, според кој заработува многу малку пари.
Меѓутоа, најголем проблем за Барселона претставува фактот што на Гави на крајот на сезоната му истекува договорот, па може да си замине како слободен агент.
Ситуацијата будно ја следат клубовите од Премиер лигата, пред се Ливерпул и Манчестер Сити кои сакаат да ја искористат ситуацијата и му нудат многу повисока плата на младиот Шпанец.
🚨 Gavi could potentially leave Barcelona on a free transfer this summer after being put back on a academy status contract by La Liga.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 21, 2023
(Source: @TheAthleticFC) pic.twitter.com/VYFEa9BoC5