Дома Фудбал Барса и Атлетико се менуваат, Реал Мадрид не! (фото)

Барса и Атлетико се менуваат, Реал Мадрид не! (фото)

Тимот на Реал Мадрид е најмалку променет кога е во прашање стартниот состав во последните години, забележа „Марка“.

Стартните 11 на Зидан во саботата против Ваљадолид наликуваа многу на стартната постава од 2015 година. Имено, цели осум фудбалери од пред четири години беа во стартниот состав – Дани Карвахал, Варан, Рамос, Марсело, Тони Крос, Иско, Карим Бензема и Герет Бејл.

Лука Модриќ исто се смета дека има сигурно место во стартниот тим, но на овој меч одработуваше суспензија.

Кога ќе ја погледнете Барселона од пред четири години гледаме играчи како Клаудио Браво, Маскерано, Иниеста, Дани Алвеш…кои веќе не се во соблекувалната на Каталонците.

Слична е сутуацијата и кај Атлетико Мадрид кој е со најголеми промени кога се во прашање гигантите од Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок на „Бернабеу“: Алавес го урна Реал, Белингам заврши со црвен картон!

Алавес победи со 2-1 во Мадрид, иако Реал имаше 24 удари и 74.3% посед. Мбапе само намали,…