Дома Трансфер зона Барса и Арсенал се „тепаат“ за капитенот на Валенсија

Барса и Арсенал се „тепаат“ за капитенот на Валенсија

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Арсенал покажуваат силен интерес за капитенот на Валенсија, Дани Парехо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона веќе подолго време е заинтересирана за Парехо, па Каталонците ќе направат се за да го донесат на „Камп Ноу“ на крајот на сезоната.

Меѓутоа, Барселона ќе има силна конкуренција во Арсенал, бидејќи Венгер силно го посакува Парехо во својот тим и во него гледа идеална замеа за Месут Озил.

Некои медиуми тврдат дека „топџиите“ се во предност пред Барселона бидејќи можат да му пондат подобри финансиски услови и поголема улога во тимот.

Парехо има договор со Валенсија до 2020 година, а неговата цена во моментов изнесува околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…