Раководството на Барселона размислува да му понуди нов договор на Рафиња, кој е во одлична форма, информира каталонски „Спорт“.
Актуелниот договор на Бразилецот е до 2027 година, но Каталонците сакаат да го наградат за одличните игри оваа сезона.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Рафиња дури оваа сезона се покажа како исклучително важен играч на Барса, откако учествуваше во осум од головите на тимот со гол или асистенција.
Тој беше привлечен од Лидс во 2022 година за 58 милиони евра и во првите две сезони не ги исполни очекувањата,па Барса се обидуваше да се ослободи од него ова лато.