Дома Фудбал Барса вчера го донесе Пјаниќ, а веќе денеска го менува тренерот?

Барса вчера го донесе Пјаниќ, а веќе денеска го менува тренерот?

Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ вчера и официјално потпиша договор со Барселона на четири години.

Пјаниќ ќе остане во Јувентус до крајот на сезоната, а потоа ќе и се приклучи на Барселона. Но, работите на Камп Ноу не се толку идеални во последно време.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Барселона со Реал Мадрид е во борба за титулата во Шпанија, но не им оди според планираното. Каталонците веќе направија два кикса против Севиља и Селта и сега Кралевите се во предност со два бода.

На голем удар после ова се најде тренерот на овој тим Кике Сетиен кој на почетокот на годината седна на клупата на Барса после отказот на Валверде. Сепак, како што стојат работите ниту Сетиен нема долго да се задржи на Камп Ноу.

Мадридски АС синоќа објави дека челниците на Барса одлучиле да му врачат отказ на Сетиен доколку вечерва неговиот тим не победи во дербито против Атлетико Мадрид.

Наводно, во тој случај Барса до крајот на сезоната ќе ја предводи Гарсија Пимиента, кој моментално е тренер на Барселона Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинарите го изненадија Спалети: Не ми се верува дека морам да зборувам за ова

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети демантираше дека им забранил на фудбалерите да игр…