Дома Македонски спорт Барнли е на потег, Штутгарт ја одреди цената за Чурлинов

Барнли е на потег, Штутгарт ја одреди цената за Чурлинов

Maкедонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов помина одлична предсезона во дресот на Штутгарт, а постигна гол и во првиот официјален натпревар во Купот на Германија против Динамо Дрезден (1:0).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку клубови покажаа интерес за Чурлинов после добрите настапи, а еден од нив е Барнли кој сезонава се натпреварува во Чемпионшип откако минатата сезона испадна од најсилната англиска конкуренција.

Германските медиуми пренесуваат дека Штутгарт ја одредил цената за Чурлинов и таа изнесува пет милиони евра.

Пред почетокот на сезоната германскиот тим ќе го продадеше Македонецот за три милиони евра, но по добрите настапи таа порасна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …