Дома Македонски спорт Барди: Јас сум Албанец, но за Македонија играм со гордост и давам се од себе!

Барди: Јас сум Албанец, но за Македонија играм со гордост и давам се од себе!

Енис Барди е еден од клучните фудбалери во македонската репрезентација која на 12. ноември ќе игра историски натпревар со Грузија за пласман на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во полуфиналето Македонија играше против Косово, сега Барди истакна дека и покрај неговото потекло тој за Македонија секогаш дава се од себе и дресот го носи со гордост.

„Натпреварот со Косово беше посебен, по натпреварот добив и позитивни и негативни коментари, меѓутоа секој фудбалер го дава максимумот за тимот за кој настапува. Да, јас сум Албанец, но за Македонија давам се од себе. За Македонија играм со гордост, секогаш сум спремен да дадам максимум за да напредуваме. Ние во репрезентацијата никогаш не сме имале проблем со тоа кој од каде е, сите имаме респект едни кон други и играме најдобро што знаеме. Сега имаме шанса за историја“.

„Среќни сме што сме во финалето и што го поминавме Косово, но никој не смее да заборави дека работата не е завршена. Пред нас се уште 90 минути против Грузија. Косово е добра репрезентација и верувам дека и тие наскоро ќе имаат шанса да играат на едно Европско првенство“, изјави Барди за телевизијата „Суперспорт“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го купува Адейеми од Борусија по поволна цена

Барселона се договори со Борусија Дортмунд за привлекување на напаѓачот Карим Адейеми, обј…