Дома Македонски спорт Мак фудбал Барди: Чест ми е да бидам капитен на Македонија

Барди: Чест ми е да бидам капитен на Македонија

Енис Барди ќе ја презема капитенската лента против Италја по заминувањето на Стефан Ристовски.

Барди кој претходно беше заменик капитен не го крие задволството што ќе биде предводник на репрезентацијата.


Ep.2 Urban Explorer: Каде да се пирсате во Скопје!? ↓↓↓


„Ова е голема чест за мене да бидам капитен на Македонија. Репрезентацијата има многу лидери кои заслужуваат ваква улога. Ова е нов предизвик за мене, за сите нас, нов лист и спремни сме, но мора да сме сто отсто концентрирани зашто поинаку вакви ривали како Италија не може да добиеш “, изјави Барди.

„Во денешниот фудбал ако не си дисциплиниран, тешко е да дојдеш до позитивен резултат. Ние секогаш тоа го зборуваме, иако нема многу време во краткиот период на подготовки, но сега разговаравме многу повеќе од досега, дека ако сме тим и дисциплинирани, ако си помагаме еден на друг на теренот, ако имаме заедништво, само така можеме до успеси“, додаде капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Чудата“ на Галевски во историската прва Европска победа на Алкалоид 🎥

Екипата на Алкалоид вчера ја запиша својата прва Европска победа откако во Скопје ја совла…