Дома Македонски спорт Мак фудбал БАРДИ ОД ЖАРИШТЕТО НА КОРОНА ЗА СПОРТСКИ: Како се живее во Валенсија? За мечот со Косово и победата над Реал!

БАРДИ ОД ЖАРИШТЕТО НА КОРОНА ЗА СПОРТСКИ: Како се живее во Валенсија? За мечот со Косово и победата над Реал!

Македонскиот репрезентативец и член на Леванте, Енис Барди даде ексклузивно интервју за нашиот портал.

Барди моментално се наоѓа во Шпанија, второто најголемо жариште на коронавирусот во Европа. Живее во Валенсија, во самоизолација и формата ја одржува со специјална програма на тренинзи во домашни услови.

Барди го опиша животот во Шпанија во овие тешки денови и порача дека сака што побрзо да се врати на терените.

Како е во Шпанија и местото каде престојуваш?

  • Добро, овде во Валенсија каде што живеам јас има околу 200 случаи на заразени од коронавирусот. Сите сме во карантин, не излегуваме, се пазиме. Јас излегувам само до маркет, еднаш неделно кога имам потреба.

Какви се тренинзите во вакви услови, како ја одржуваш формата?

  • Се навикнуваме полека, полека. Трчам, работам вежби и така натаму. Од клубот ни даваат програма што да тренираме дома.Секој ден имаме два пати тренинг, само во среда еднаш, а недела ни е слободен ден.

Какво е твоето мислење, се придржуваат ли Шпанците на мерките за претпазливост?

  • Мислам дека сега да, на почетокот беа малку недисциплинирани, но потоа сите сфативме дека ситуацијата е сериозна. Сега сите гледаат дека ситуацијата е сериозна и се придржуваат на мерките.

Може ли да се предвиди кога повторно ќе продолжи Ла Лига? Очекуваш ли дека е можно да се поништи сезоната?

  • Пред 3-4 дена од клубот ни кажаа дека ќе бидеме минимум уште 15 дена дома! Сега немаме други информации за тоа кога ќе продолжиме со тренинзи и кога ќе продолжи сезоната. Не дај Боже да се поништи, ќе бидеме долго време без фудбал, а тоа не е добро за сите нас.

И за крај малку поубави теми. Твој коментар за натпреварот со Косово и какво е чувството да се победи Реал Мадрид.

  • Во моментов е најважно што поскоро да се вратиме на терените. Тие два натпревари се најважни во историјата на Македонија и може да не однесат на Европско првенство. Сите сме свесни каква шанса имаме и каква екипа сме. Натпреварот со Косово ќе биде многу важен.
  • За нас Леванте секој натпревар е важен, но нормално кога ќе се победат Реал Мадрид и Барселона е многу големо нешто. Дај Боже да победиме и на други натпревари кога ќе продолжи сезоната.
Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пелистер за враќањето во првата лига доби честитка од Полска (ФОТО)

Пелистер пред неколку дена со одлуката на ФФМ обезбеди пласман во првата македонска лига, …