Дома Топ вести Барди може да го напушти Леванте, но ќе остане во Ла Лига?

Барди може да го напушти Леванте, но ќе остане во Ла Лига?

0

Репрезентативецот на Македонија и член на Леванте, Енис Барди ова лето би можел да го промени клубот.

Леванте може да го продаде Барди и тоа на друг клуб од Ла Лига, каталонски Еспањол.

Барди од пред два дена ги започна припремите за новата сезона, а денес некои шпански медиуми објавија дека Еспањол со помош на Виљареал може да дојде до потписот на Барди.

Овој преоден рок Леванте го доведе Гонзало Молеро и кога на тоа ќе се додаде дека Рокина и Кампаро се стандардни, тука и Моралес кој има слобода да игра зад напаѓачите Барди би можел да биде „жртвуван“.

Барди сигурно не би сакал поголемиот дел од сезоната да го мина на клупа, а Еспањол е во потрага по играч каков што е македонскиот фудбалер и во тој клуб Барди би имал место во стартните 11. Леванте како замена за Барди би можел да го доведе Сантијаго Касерес од Виљареал.

Шпанците претпоставуваат дека ако Барди заминува тоа нема да се случи за сума помала од 15 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тотенхем на чекор од две големи засилувања

Тотенхем до сега доведе две големи засилувања во вредност од околу 70 милиони фунти, стану…