Дома Македонски спорт Барди: Капитенската лента за мене е гордост, ако сме сите заедно и си помагаме можеме до успех

Барди: Капитенската лента за мене е гордост, ако сме сите заедно и си помагаме можеме до успех

Заедно со селекторот Милевски на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар со Италија присуствуваше и Енис Барди кој во отсуство на Стефан Ристовски кој се повлече ќе ја носи капитенската лента.

Капитенската лента за Барди претставува вистинска гордост.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За мене е многу емотивен момент да се биде капитен на една репрезентација. Тука има многу капитени кои не носат лента, носи само еден, но во оваа селекција има многу лидери. Како што и претходно капитенската лента ја носеа Горан и Стефан со кои сум играл, така со гордост ќе ја носам и јас. Мораме да бидеме максимално сконцентрирани, бидејќи против вакви селекции не можете на друг начин да победите.

Како и селекторот и Барди порача дека мора да сме дисциплинирани ако сакаме успех.

Во денешниот фудбал мора да бидеше дисциплиниран против секого, не само против Италија. Не сме долго заедно, секогаш имаме малку време, меѓутоа сега мислам дека подобро се подготовивме затоа што видовме дека само ако сме тим, можеме да функционираме. Ако сме заедно и ако си помагаме еден со друг можеме да одиме напред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Јувентус договори уште едно големо засилување

Јувентус е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а италијанските медиуми прене…