Дома Фудбал Бандите во Париз продолжуваат да ги „пустошат“ фудбалерите на ПСЖ

Бандите во Париз продолжуваат да ги „пустошат“ фудбалерите на ПСЖ

Неверојатно е што се случува во Париз со фудбалерите на ПСЖ.

Овој викенд жртви на грабеж беше Тиаго Силва кој остана без скпоцености во вредност еден милион евра, сега по втор во краток временски период жртва беше Ерик Чупо-Мотинг.

„Ла Присиен“ објави дека крадците однеле скапоцености од неговиот дом, но засега не е проценето за колкава вредност се работи.

Камерунецот втор пат е мета на крадци, а минатиот месец му беа украдени предмети во вредност од 600.000 евра.

Полицијата во Париз е во потрага по сторителите и засега е убедена дека станува збор добро организирани акции зад кои стојат француските банди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …