Дома Трансфер зона Балотели ја напушта Монца, понудата од Турција чека

Балотели ја напушта Монца, понудата од Турција чека

Марио Балотели ќе ја напушти Монца ова лето.

Италијанскиот напаѓач има понуда од Турција, поточно од новиот прволигаш Адана Демирспор, а од Монца потврдија дека не започнале преговори со Балотели за нов договор.

„Договорот на Балотели истече. Во овој момент нема преговори, ќе видиме што ќе одлучиме со новиот тренер“, изјави директорот на Монца, Адријано Галијани.

Во редовите на Монца Балотели помина пет месеци и на 14 натпревари постигна шест гола. Од турскиот клуб пак потврдија дека преговараат со Балотели.

„Преговараме со Балотели. Му доставивме официјална понуда и чекаме одговор“, изјави претседателот на Адана, Мурат Санчак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Aко Интер го продаде Лукаку за 120 милиони евра ќе задржи само половина?

На големо во италијанските медиуми се пишува за можниот трансфер на Ромелу Лукаку во редов…