Дома Фудбал Англија Балотели „фаќа“ сеир: Манчестер Јунајтед е за смеење (ФОТО)

Балотели „фаќа“ сеир: Манчестер Јунајтед е за смеење (ФОТО)

Maнчестер Сити вчера славеше победа во големото градско дерби против Јунајтед со резултат 3:1.

Избраниците на Пеп Гвардиола беа подобар тим на теренот и сосема заслужено стигнаа до победата.

Еден од оние кои уживаше во победата на „граѓаните“ во дербито на Манчестер беше Марио Балотели кој своевремно и самиот беше актер на истото.

Балотели не ја пропушти оваа шанса и на социјалните мрежи објави порака со која му фаќаше сеир на Манчестер Јунајтед.

„Еднаш син, секогаш син! Манчестер Јунајтед е за смеење, повторно и повторо“, гласи коментарот на популарниот „Супер Марио“.

baloteli

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул не се откажува од Минте, иако може да изостане до три месеци

Ливерпул не се откажал од идејата да го привлече крилото на Брајтон Јанкуба Минте и прегов…