Марио Балотели преку профилот на „Инстаграм“ ја нападна Фудбалската федерација на Швајцарија откога неговиот тим Сион на последниот меч одигра 0:0 против Базел.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Контроверзниот Италијанец им покажа среден прст на навивачите на Базел, а потоа Фудбалската федерација на Швајцарија ја нарече мафија.




„До швајцарската Федерација. Не знам каква мафија сте вие, но верувајте дека фудбалери како мене не се гордеат што играат во лига во која владеат неправда и корупција. Фудбалот е нешто што сите мора да го сфатат сериозно. Ако судиите направат грешка, треба да платат за тоа“, истакна Балотели.
Mario Balotelli with a very special message towards the fans of FC Basel 🖕#rotblaulive #Balotelli #MarioBalotelli #FCSion pic.twitter.com/fLwwRmMyno
— Swiss Football Data (@swissfootdata) November 6, 2022