Дома Фудбал Балотели повторно покажа големина пред натпреварот против Ница

Балотели повторно покажа големина пред натпреварот против Ница

Марио Балотели се најде во центарот на вниманието пред вечерашниот натпревар помеѓу Марсеј и Ница.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанскиот напаѓач до пред некое време го носеше дресот на Ница, но во зимскиот преоден рок потпиша за Марсеј, откако тренерот Патрик Виеира му даде до знаење дека не смета на неговите услуги.

Сепак, Италијанецот нема лоши сеќавања од поранешниот клуб. Таму доживеа убави моменти, тоа е тимот кој му ја врати кариерата, а во какви односи е со поранешниот тим доволно покажува моментот пред натпреварот.

Балотели отиде и се поздрави со секој играч од противничкиот тим. Нормално, беше срдечо и со многу забава, а Бало уште еднаш покажа дека е голем човек.

Реткост е да се видат вакви моменти кога играч настапува против поранешен тим, но Балотели го покажа спротивното..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вреќата со пари е подготвена: Тргнаа по Хари Кејн, во Баерн се создаде паника

Баерн и Хари Кејн планираат да ја продолжат соработката, но плановите би можела да ги поре…