Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели призна дека очекувал повик од селекторот за неодамна одиграните пријателски натпревари на репрезентацијата, сепак не го доби.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Балотели игра сосема солидна сезона во Ница и на вкупно 31 одигран натпревар постигна 22 погодоци. Неговиот проблем е што во овој момент Италија има одлични напаѓачи како Имобиле, Инсиње, Белоти...
„Супер Марио“ на сите начини се обидува да го убеди сојузот дека се променил и дека повеќе не е проблематичен.
„Да бидам искрен, очекував повик во репрезентацијата. Поискусен сум од порано, имам 27 години и две деца, времето во кое лудував е минато“, порача Балотели.
Поранешниот напаѓач на Интер, Манчестер Сити и Милан во текот на кариерата настапи на 33 натпревари за Италија и постигна 13 погодоци.