Дома Топ вести Баерн спреми 80 милиони за ѕвездата на Барселона

Баерн спреми 80 милиони за ѕвездата на Барселона

Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе играчот за врска  на Барселона, Френки де Јонг.

Де Јонг оваа сезона игра на високи ниво, а во Баерн го гледаат како идеално решение за средниот ред.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баварците сакаат да го засилат средниот ред и веќе спремиле понуда од 80 милиони евра за потписот на Холанѓанецот.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман јасно порача дека не сака да го продава Де Јонг. Меѓутоа, финансиската ситуација кај Каталонците е лоша, па сигурно добро ќе размислат за оваа понуда.

Шпанските медиуми објавија дека Барселона е во големи долгови и се уште не е доплатен трансферот на Де Јонг од Ајакс.

Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн и ќе испрати понуда од 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеп потврди: Манчестер Сити без Халанд во еден од најважните натпревари во сезоната

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска потврди дека Ерлинг Халанд не е подготв…