Дома Трансфер зона Баерн може да го продаде Левандовски на лето

Баерн може да го продаде Левандовски на лето

Роберт Левандовски е еден од најдобрите фудбалери на светот,  но Баерн Минхен би можел да го продаде на лето.

33-годишниот напаѓач на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Баерн сака неговата иднина да биде јасна до крајот на сезоната.

„Билд“ пренесува дека Баварците му доставиле две опции, или да потпише нов договор или ќе биде продаден на лето.

Правилото во клубот е на фудбалерите над 30 години да им биде продолжен договорот само за една година, а Левандовски сака подолг договор.

Неодамна неговиот менаџер Пини Захави не ја исклучи можноста за трансфер на Левандовски по завршување на сезоната.

Наводно и Баерн смета дека ова е вистинско време за негова продажба и сака како негова замена за го донесе Халанд или Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…