Дома Трансфер зона Баерн Минхен купува уште една ѕвезда на Атлетико Мадрид

Баерн Минхен купува уште една ѕвезда на Атлетико Мадрид

0

Баерн Минхен веќе го официјализираше трансферот на Лука Хернандез од Атлетико, но германските медиуми тврдат дека Баварците се спремни да ја платат откупната клаузула за уште една ѕвезда на „јорганџиите“.

Имено, Баерн се вклучил во трката за 22-годишниот шпански репрезентативец Родри, кој е мета исто така на Манчестер Сити.

Родри идеално се вклопува во карактеристиките на фудбалер од средината на теренот каков што бараат Баварците, па наводно се спремни да ја платат откупната клаузула која изнесува 70 милиони евра.

Сепак, ќе мораат да ја победат конкуренцијата, бидејќи Родри е примарна трансфер цел и на Пеп Гвардиола, кој веќе стапил во коннтакт со фудбалерот.

Родри исто така е спремен да ја промени средината ова лето, па останува да видиме дали ќе го избере Баерн Минхен или ќе се пресели на „Етихад“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манџукиќ го стопирал трансферот кога видел каде треба да тренира?

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ би требало да го напушти Јувентус и својата кариера да ј…