Баерн Минхен го потврди трансферот на корејскиот дефанзивец Ким Мин, кој доаѓа од Наполи за 50 милиони евра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А.
Кореецот во договорот со Наполи имаше откупна клаузула од 50 милиони евра, која Баерн ја плати и го донесе на „Алијанц Арена“.
Ким стави потпис на договор до 2028 година и денес беше официјално промовиран во Баерн Минхен.
🔔 UFFICIALE 🔔
— GOAL Italia (@GoalItalia) July 18, 2023
Il Bayern ha un nuovo muro in difesa: ecco Kim dal Napoli ☑️ pic.twitter.com/qFSaMbGLyk