Дома Топ вести Баерн купува дефанзивец – прва цел играчот на Барселона!

Баерн купува дефанзивец – прва цел играчот на Барселона!

Баерн Минхен во јануарскиот преоден рок како примарна цел ќе има да доведе засилување за одбраната.

Имено по повредите на Никлас Суле, Лука Хернандес, Баерн Минхен е во потрага по централен дефанзивец бидејќи имаат дефицит на таа позиција.

Како што пренесуваат германските медиуми Баерн е заинтересиран во своите редови да го донесе францускиот репрезентативец од Барселона, Самуел Умтити кој не добива голема минутажа од Ернесто Валверде.

Умтити поголем дел од минатата сезона ја пропушти поради повреда, па го загуби местото во стартниот тим. Поради тоа Барселона е спремна да го продаде доколку пристигне примамлива понуда.

Како алтернатива за Умтити,  Баварците го сакаат фудбалерот на Атлетик Билбао, Нунез.

22-годишниот дефанзивец игра одлично оваа сезона, а во договорот со Билбао има откупна клаузула од 30 милиони евра, што нема да биде проблем за Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо: Да не беше Спортинг ќе работев во Мекдоналдс, морам да се оддолжам на тој клуб

Додека се шпекулира каде Роналдо би можел да игра во следната сезона, тој самиот откри во …