Дома Фудбал Германија Баерн крена бело знаме: Баварците јавно се откажаа од Лигата на шампионите

Баерн крена бело знаме: Баварците јавно се откажаа од Лигата на шампионите

Германскиот гигант Баерн Минхен е посебен во се, па така и во трансфер политиката, каде што Баерн нема намера да учествува во расфрлањето на милиони кое интезивно е во тек на трансфер пазарот.

Како што е познато, Карло Анчелоти, во Баерн ова лето потроши 100 милиони евра и доведе шест засилувања, а од нив најмногу го платија Корентен Толисо од Лион за кого платија 41.5 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гигантот од Минхен отворено порача дека нема намера да влегува во трката за Нејмар или пак Килијан Мбапе, бидејќи такво нешто не дозволкува политиката на клубот која Германците сакаат да ја почитуваат.

„Трансфер пазарот во овој момент целосно полуде“, изјави Карло Анчелоти на конференцијата за медиумите во Сингапур.

Слично мислење имаше и претседателот Ули Хенес.

„Никогаш нема да купам играч за 150 или 200 милиони евра. Нема да учествуваме во лудило. Додека тоа е во тек не можеме да очекуваме да ја освоиме Лигата на шампионите. Наша цел е да бидеме шампиони на Германија“, изјави Хенес.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…