Дома Трансфер зона Баерн и Милан во битка за потписот на Гираси

Баерн и Милан во битка за потписот на Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа.

27-годишниот напаѓач игра одлична сезона со 24 гола и две асистенции на 22 настапи за Штутгарт е еден од најефикасните напаѓачи во Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во моментов Баерн Минхен и Милан се клубовите кои покажуваат најголем интерес за Гираси.

Се очекува двата клуба на лето да се разделат со по еден напаѓач. Ерик Максим Чупо-Мотинг ќе замине од Баерн, додека Милан ќе се раздели со Оливие Жиру, па во Гираси гледаат идеална замена.

Напаѓачот од Гвинеја има откупна клаузула од 17 милиони евра, сума која нема да биде проблем за споменатите клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…