Дома Трансфер зона Баерн во Премиер лигата ја најде замената за Робен

Баерн во Премиер лигата ја најде замената за Робен

0

Раководството на Баерн Минхен е силно заинтересирано за корејската ѕвезда на Тотенхем, Хеунг-мин Сон.

Баварците бараат засилување на крилните позиции бидејќи на крајот на сезоната ќе останат без ветераните Рибери и Робен, а Кореецот е најголема желба.

Сон во моментов со успех го носи дресот на Тотенхем, но фудбалската афирмација ја доживеа во Бундеслигата, каде прво играше за Хамбургер, а потоа за Баер Леверкузен.

Квинсли Коман и Серж Гнабри се фудбалерите кои оваа сезона требаше полека да се наметнат како заменици за Робен и Рибери. Меѓутоа, првиот заработи тешка повреда, а на вториот му е потребно време за адаптација.

Поради тоа не е исклучено Баерн уште во јануари да достави понуда до Тотенхем за Сон.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Зидан конечно се огласи за статусот на Бејл во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за статусот на Герет Бејл. Шпанските меди…