Се шпекулираше за ова многу во последните недели, а од сега е и јавно – Томас Милер е незадоволен во Баерн и сака да замине после 11 години!
Човекот кој цела кариера ја помина во Баерн и освои се што можеше да се освои не крие дека е разочаран од третманот кај тренерот Ковач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Билд“ пишува дека 30 годишниот Милер е спремен да го напушти Минхен нареднтоо лето ако нешто не се промени во наредните недели. Актуелниот договор на Милер му истекува летото 2021 година.
Наводно Баварците нема да му стојат на патот на Германецот и веќе пронашле негова замена. Германските медиуми тврдат дека станува збор за Лерој Сане, за кого Баерн беше заинтереситан и ова лето.
Манчестер Сити ова лето не сакаше да попушти, но со оглед на фактот дека Сане не потпишува нов договор и е спремен да се врати во Германија, трансферот е многу веројатен.
Неговата цена во моментов изнесува помеѓу 80 и 100 милиони евра, сума која Баерн е спремен да ја плати.