Дома Фудбал АC: Мбапе ќе има 15 дена да одлучи. Во спротивно, Реал се свртува кон планот Б

АC: Мбапе ќе има 15 дена да одлучи. Во спротивно, Реал се свртува кон планот Б

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни 2024 година. Тој се уште не го продолжил, а Реал Мадрид го чека 1-ви јануари, по што ќе ја започне акцијата на доведување на Французинот, пишува Ас.

Шпанците истакнуваат дека Реал оттогаш ќе има право да преговара со Мбапе и ПСЖ нема да може да влијае на тоа бидејќи на неговиот играч му истекува договорот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кога Реал ќе ја повика мајката на Мбапе и менаџерот Фајза Ламари на 1 јануари, тие ќе и кажат дека нејзиниот син има 15 дена да одговори на понудата.

Нема да бидат прифатени дополнителни размислувања или промени. Мбапе ќе има 15 дена, повеќе од доволно, да рече дека сака да оди во Мадрид“, пишува Ас.

Тие веруваат дека најдобар знак дека Мбапе сака да го напушти Париз ќе биде доколку не го продолжи договорот до крајот на 2023 година“, тврдат шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Обвинителство да се зафати со забавата на Ламин Јамал

Министерството за социјална политика во Шпанија побара истрага од обвинителството, омбудсм…