Дома Фудбал Останато Ањели: Не е само Јуве во прашање, УЕФА работи против италијанските клубови

Ањели: Не е само Јуве во прашање, УЕФА работи против италијанските клубови

Целиот фудбалски денес зборува пеналот во судиското продолжение кој Роналдо го претвори во погодок и го одведе Реал во полуфиналето.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бурни ракции пристигнуваат од целиот свет, очекувано се огласи и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

„Moраме да останеме мирни и да ја анализираме ситуација. Гледам дека во многу земји е воведен ВАР, а видов и инциденти кои се случуваа на штета на италијанските клубови. Милан беше оштетен против Арсенал, на Рома не и беа досудени два пенали против Барселона, сега Јувентус. Се докажа дека на Лигата на шампионите и е потребен ВАР. УЕФА нема доволно добри судии или пак истите работат на штета на сите италијански клубови“.

„Играчите грешат, па така и судиите. Но овој судија целосно ја изгуби контролата над ситуација. Направи целосен хаос. Жал ми е поради играчите, потврдивме дека како и Рома можеме да надополниме три гола негатива. Најважно е дека имаме технологија и истата треба да се воведе и во Лигата на шампионите“, изјави Ањели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик во голема дилема пред „Ел Класико“

Фудбалерите на Барселона денес имаат историска шанса против својот најголем ривал Реал Мад…