Дома Кошарка Ајзеа Томас пронајде клуб и потпиша договор на 10 дена

Ајзеа Томас пронајде клуб и потпиша договор на 10 дена

Професионалниот спорт зане да биде суров и не секогаш можете да се „вадите“ на „стара слава“.

Во една таква незавидна ситуација се најде Ајзеа Томас. Томас беше фантастичен во дресот на Бостон Селтикс и во сезоната 2016/2017 имаше просек од 29 поени.

Повредите го направија ранлив и по честа тема на трејдовите, па по размената на Вашингтон тој беше отпуштен од овој тим и остана без клуб.

Се случуваше тоа во февруари, а сега пронајде нов ангажман но ќе мора да се докаже. Томас потпиша договор на 10 дена со Њу Орлеанс и веќе викендов ќе биде во составот, ќе видиме дали ќе се задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стартните 0-12 ја најавија тешката вечер: Македонија остана без победа

Македонските кошаркарки загубија од Естонија со 51-86 во Штип и го запишаа вториот пораз в…