Дома Топ вести Ајакс потврди: Ван ден Бек пред трансфер во Јунајтед

Ајакс потврди: Ван ден Бек пред трансфер во Јунајтед

Ѕвездата на Ајакс и холандски репрезентативец, Дони ван де Бек е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, тврдат холандските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот играч за врска кој се поврзува со трансфер во Барселона и Реал Мадрид најверојатно ќе се пресели на Островот, а тоа потврди и тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг.

Тен Хаг го остави фудбалерот надвор од составот за денешниот пријателски натпревар против Ајнтрахт Франкфурт, а пред натпреварот потврди дека тоа го направи поради евентуален трансфер на играчот.

„Има напредок во трансфер преговорите и токму затоа не е во составот“, изјави Тен Хаг.

Иако не откри за кој клуб станува збор, медиумите се сигурни дека Холанѓанецот е на чекор од трансфер на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…