Дома Фудбал Останато Ајакс го објави името на новиот тренер

Ајакс го објави името на новиот тренер

Ерик Тен Хаг на крајот на сезоната го напушта Ајакс, а клубот од Амстердам денес за нов тренер го назначи Алфред Шроудер.

Тој е актуелен тренер на Клуб Бриж, а претходно работеше како асистент во стручниот штаб на Барселона, додека на кормилото беше Роналд Куман.

„Ова е голема чест и задоволство ми е да ја прифатам понудата. Среќен сум што ќе се вратам во клубот каде работев една и пол година. Сакам да продолжиме традицијата за освојување трофеи, а навивачите да уживаат во убав фудбал. Се приклучувам штом ќе ја завршам сезоната во Клуб Бриж“, изјави Шроудер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагедија во Бугарија: Фудбалер постигна два гола, па почина во соблекувалната по натпреварот

Голема трагедија го погоди бугарскиот фудбал. Поранешниот напаѓач на Локомотива од Пловдив…