Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Ачерби ја сака Португалија за противник: Полесно ми е да го чувам Роналдо отколку Лукаку

Ачерби ја сака Португалија за противник: Полесно ми е да го чувам Роналдо отколку Лукаку

Италијанската репрезентација синоќа се пласира во четвртфиналето на ЕП каде ќе го чека подобриот од дуелот Белгија – Португалија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дефанзивецот на „аѕурите“, Франческо Ачерби отворено призна дека преферира да игра против Португалија, бидејќи полесно му е да го чува Роналдо отколку Лукаку.

Ачерби игра за Лацио и одично ги познава и двајцата бидејќи во Серија А често има дуели со нив.

„Моја желба е да се сретнеме со Португалија, бидејќи верувам дека би имале за нијанса полесна работа отколку доколку играме со Белгија. Лукаку е комплетен фудбалер, исто како и Роналдо, кој постигнува голови. Меѓутоа, потешко ми е да го чувам Лукаку затоа што се посилен физички, додека Роналдо е полесен противник за чување на теренот“, изјави Ачерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Швајцарија вечерва против БиХ без селектор?

Двете репрезентации имаат по еден освоен бод после првото коло, така што победата во овој …