Дома Фудбал Атлетико Мадрид не може да регистрира играчи

Атлетико Мадрид не може да регистрира играчи

Атлетико Мадрид се најде во незгодна ситуација и не може да пријавува нови играчи, бидејќи ја надмина границата за плати за 100 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вчера претседателот на клубот Енрике Сересо потврди дека Атлетико има договор со Аксел Витсел, кој е слободен играч, но за да го регистрира клубот мора да се ослобиди од некој играч.

Трансферот на Витсел не може да се финализира токму поради финансиската состојба, пишува „Марка“.

Атлетико сака да се раздели со Антоан Гризман, кој има една од највисоките плати. Французинот минатото лето се врати во клубот на позајмица од две години.

Сепак, неговото напуштање нема целосно да го реши проблемот и „јорганџиите“ можеби ќе треба да се разделат со уште некој важен играч како Жоао Феликс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп им вети по Ролекс на играчите на Барнли ако го запрат Арсенал?!

Драмата во трката за шампионската титула во Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер Сити д…