Дома Топ вести Атлетико за крај на преодниот рок спрема „бомба“ од 60 милиони евра

Атлетико за крај на преодниот рок спрема „бомба“ од 60 милиони евра

Родриго Морено би можел да биде „бомбата“ за крај на преодниот рок на Атлетико Мадрид.

Иако во изминатите недели изгледаше дека тоа ќе биде Хамес Родригез, напаѓачот на Валенсија сега е во прв план. Според пишувањето на „Марка“ „јорганџиите“ интезивно работат на негово доведување.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Постојат две причини поради тоа што на „Ванда Метрополитано“ се откажаа од Родригез и се насочија кон Родриго. Првата причина е сложеноста околу ангажирањето на Хамес, а втората да се пронајде разноврстен напаѓач кој би ја зголеми конкуренцијата на Алваро Мората и Диего Коста, на некој начин да донесе нов квалитет.

Со доведувањето на Родриго Атлетико би го комплетирал нападот. На клубот од Мадрид за ангажман на Родриго би му биле потребни околу 60 милиони евра што е сума која можат да си дозволат да ја платат.

Родриго зад себе има одлична сезона во дресот на Валенсија. Постигна 15 голови на 51 натпревар во сите натпреварувања и забележа 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…