Дома Трансфер зона Атлетико заокружува страшен преоден рок: Пристигнува напаѓачот на Валенсија!

Атлетико заокружува страшен преоден рок: Пристигнува напаѓачот на Валенсија!

0

Aтлетико Мадрид има неверојатен преоден рок.

Преговорите се скроо завршени, Атлетико доведува уште еден одличен играч. Шпанските извори тврдат дека „јорганџиите“ ќе го доведат Родриго од Валенсија.

Одличниот играч на Валенсија е пред трансфер во Мадрид во трансфер кој би требало да изнесува 60 милиони евра. Со доведувањето на Родриго Атлетико би заокружил еден неверојатен преоден рок во кој променија повеќе од половина тим.

Ќе потсетиме со заминувањето на: Гризман, Родри, Ернандез, Вието и Желсон Мартинс и Годин, Фелипе Луиз и Хуанфран како слободни играчи, Атлетико заработи околу 300 милиони евра и се ослободи од договорите на искусните фудбалери.

После продажбите следуваше фантастичен преоден рок во кој пристигнаа: Киеран Трипие, Ермосо, Фелипе, Жоао Феликс, Ренан Лоди, Љоренте, Ектор Ерера и Шапојниќ за кои клубот потроши околу 270 милиони евра.

Дефинитивно после ваков преоден рок од Атлетико се очекува многу во сезоната која следи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најдобрите 11 кои ова лето пристигнаа во Серија А (ФОТО)

Кон крајот на минатиот и почетокот на овој милениум во Италија играа најдобрите фудбалери …