Дома Фудбал Италија „Аталанта е италијанскиот Ливерпул“

„Аталанта е италијанскиот Ливерпул“

Eдна од најубавите приказни во Серија А во последно време е Аталанта.

Екипата чија банкарска сметка не може да се мери со оние најголемите во Серија А игра феноменално, а од играта на Аталанта се воодушевени многубројни големи тренерски имиња.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Легендарниот италијански стратег Фабио Капело е еден од нив. За медиумите на Апенините Капело зборуваше за Аталанта.

„Актуелните италијански тренери на своите играчи им нудат да бидат повеќе агресивни во нападот. Пример, го имаме тренерот на Аталанта, Гасперини кој вежба одбрана еден на еден, но и кој секогаш се обидува неговиот тим да напаѓа со што повеќе играчи“.

„Аталанта е италијанскиот Ливерпул. Овој тим има многу интересни детали, имаат квалитетни играчи и секогаш напаѓаат“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голманот на Интер се соочува со казна до 7 години затвор

Голманот на Интер Хосеп Мартинес е соочен со казна до седум години затвор за трагичната су…