Дома Фудбал „АС“: Реал ќе ја менува формацијата поради Белингем, еве како ќе изгледа

„АС“: Реал ќе ја менува формацијата поради Белингем, еве како ќе изгледа

Според последните информации од Шпанија, Реал Мадрид во новата сезона ќе игра во формација 4-3-1-2 место досегашната 4-3-3, причината е доаѓањето на Џуд Белингем.

Белингем засега е најголемото засилување за Реал Мадрид во овој преоден рок, ќе видиме дали Мбапе летово ќе го облече дресот на „кралевите“. Ако Мбапе не пристигне летово, тогаш „АС“ тврди дека Реал во новата сезона ќе игра без класична „деветка“.

Во нападот би биле Винисиус и Родриго, а зад нив како плејмејкер Белингем. „АС“ и графички прикажа како би изгледал Реал во таква ситуација. Тони Крос кој го продолжи договорот, а и Модриќ од кого се очекува истото полека ќе добиваат се помалку минутажа и средината на теренот ќе се препушта на помладите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палас тоне на дното: Томас Франк прв избор за спас на сезоната

По седум порази во десет кола, Пјер Саж е пред отказ во Кристал Палас. Според „Скај спортс…