Дома Фудбал Англија Артета: Сакаме да се засилиме во јануари, но ќе биде тешко

Артета: Сакаме да се засилиме во јануари, но ќе биде тешко

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека клубот го очекува многу тежок трансфер период во јануари.

На Арсенал му се потребни засилувања, но Артета признава дека клубот ќе мора прво да продаде фудбалери за да купи нови.

„Во моментов планираме за трансфер пазарот во јануари, но нема да биде лесно. Ќе бидеме многу ограничени кога станува збор за привлекување на нови фудбалери“, изјави Артета.

Арсенал моментално се наоѓа на 14-то место во Премиер лигата после десет одиграни кола. „Тоа е недозволиво и треба да се промени што побрзо. Можеме да се правдаме со судии и други фактори, но проблемот е што не постигнуваме голови. Треба да се подобриме што побрзо“, заклучи Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вајналдум: Клубот треба да се огласи за мојот договор

Играчот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум е во центарот на вниманието поради неговата иднина …