Дома Фудбал Англија Артета: Бевме блиску, но овој тим не играше во Лигата на шампионите седум години

Артета: Бевме блиску, но овој тим не играше во Лигата на шампионите седум години

Фудбалерите на Арсенал беа елиминирани од Лигата на шампионите, бидејќи во четвртфиналето од ова натпреварување беа поразени од Баерн.

Тренерот на „топчиите“ Микел Артета истакна дека на неговиот тим му недостасувало малку повеќе искуство во најелитното европско натпреварување.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Овој клуб не играше во Лигата на шампионите во изминатите седум сезони. Толку многу сакавме да стигнеме до полуфиналето или финалето веќе оваа година, но видовме дека на другите често им требаат шест или седум годин играње во ЛШ за да постигнат таков успех“, изјави Артета и додаде:

„Бевме многу блиску – тоа е реалноста. Ќе мора да се справиме со болката вечерва и утре да станеме и да продолжиме да играме со истиот став“.

Решавачкиот гол го постигна Џошуа Кимих во 63. минута, а избраниците на Тухел се пласираа со вкупни 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марка: Чаби не е волшебник

Фудбалерите на Реал Мадрид и Ал-Хилал ја отворија групата Х на Светското клупско првенство…